Капитенот на Швајцарија, Гранит Џака не го криеше разочарувањето по ремито 1-1 со Катар во првиот меч на Мундијалот, испраќајќи силни пораки до соиграчите. Албанскиот играч за врска со швајцарски пасош истакна дека неговиот тим имал можност да го добие натпреварот, но не успеал да ги искористи создадените можности. „Ако не ги искористите вашите можности во нападот, ќе ги трпите во одбраната“, изјави тој