Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Скопје ќе се обрати на отворањето на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“, кој годинава се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. На отворањето на самитот воведни обраќања ќе имаат претседавачот на Одборот на директори на „Македонија 2025“, Виктор Мизо, коосновачот на организацијата Мајк Зафировски и извршната директорка Никица Мојсоска-Блажевска. Самитот ќе обедини голем број домашни и меѓународни лидери, претставници на бизнис-заедницата, институции и експерти, а во фокусот ќе бидат економскиот раст, конкурентноста, инвестициите, инфраструктурата, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и улогата на дијаспората во развојот на Македонија. Дополнително, ќе се дискутира и за лидерството, иновациите, иднината на институциите и регионалната соработка. Синоќа, во пресрет на дводневниот, традиционален Самит на „Македонија 2025“, претседателката Гордана Сиљановска–Давкова организираше прием на кој ги врачи признанијата за придонес на припадниците на дијаспората. Претседателката им честиташе на годинешните добитници на признанието на „Македонија 2025“, д-р Ичак Калдерон Адижес, Елизабет