Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
Загрижувачки е недостигот на медицински сестри во Македонија. Условите за работа и парите се помеѓу главните причини поради кои сестрите си одат во странство, а таму добиваат поголема почит, повеќе финансии, но и бенефиции. Алармантно е што надвор заминуваат искусни и веќе обучени сетсри. Што треба да направи државата за да ги задржи дома? -Сестрите треба да бидат препознаени и вреднувани, рече Велка Гавровска – Лукиќ, претседателка на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки. Во земјава недостигаат и акушерки, особено на примарно ниво. -Акушерството самото по себе не е само професија, туку и една уметност што во себе ги вклучува и грижата за мајката и за бебето , изјави Тања Трајковска, дипломирана акушерка. Здравствените власти уверуваат дека преземаат мерки за да ги задржат сестрите во земјава. -Генерално медицинските сестри добија значително покачување на платите за околу 30 отсто номинално, или 15 посто реален раст ако ја одбиеме инфлацијата овој период, изјави Сашо Клековски, директор на ФЗО. -За два месеца направивме силен исчекор со вработување над 1.250 лица во јавноздравствениот сектор, а голем дел од нив се токму медицински сестри. Со ова, праќам
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.