Трите ќерки на германскиот бизнисмен Фридрих Кнап, ко-основач на модната компанија Њујоркер, станаа едни од најмладите милијардери во Европа по смртта на нивниот татко. Помалку од еден месец откако официјално го наследија неговиот удел во компанијата, летово си платија околу 1,4 милијарди евра дивиденда, пренесува Блумберг.