Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжива судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството презентираше докази обезбедени од Министерството за економија и труд, сектор за туризам и угостителство, а за кои рече се однесуваат на релевантни околности како започнала работата на објектот, иако притоа во континуитет формално и суштински не постоеле услови и не биле исполнети минималните технички услови за работа на објектот. Обвинителката Наташа Сарамандова во судница презентираше повеќе докази, меѓу кои и барање од 10 октомври 2012 година од сопственикот Дејан Јованов за издавање на лиценца за кабаре. Одбраната бараше од овој доказ да се прочита делот на задолжително потребни документи кои се приложуваат со барањето, на што Обвинителството реагираше дека никогаш не се читале и не може да се читаат од збор до збор сите докази. Видно од барањето, како што посочи Обвинителството, е дека се однесува за адреса на улица Димитар Влахов б.б. каде е седиштето на Класик М и во тоа време нема регистрирана подружница, додека во однос на исполнетите услови штиклирани се сите,