„Министерот Краповиќ очекувано повторно избегна да одговори на суштината на кривичната пријава. Наместо да одговори на прашањата за законитоста на набавката на патролни чамци, примената на Законот за јавни набавки, времето на стапување во сила на меѓународниот договор и други конкретни наводи поткрепени со документација, јавноста доби уште една серија на политички дисквалификации.