Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на селото Черкези, поради основано сомнение да сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот, во пораки преку социјални мрежи, го навредувал и му се заканувал на Претседателот на Владата на РСМ. Ценејќи ги околностите […] Текстот Во пораки преку социјални мрежи му се заканувал на Мицкоски: постапка против 39-годишен маж од Черкези е превземен од МАКФАКС .