Германската федерална влада би можела целосно да го забрани пристапот до социјалните мрежи за деца помлади од 13 години, додека за оние под 16 години ќе биде потребна експлицитна согласност од родителите. Оваа мерка е дел од поширокиот план за заштита на менталното здравје и безбедноста на малолетниците на Интернет.