Невообичаена глетка на плажата Петоне во Лоуер Хат, Нов Зеланд привлече голем број љубопитни граѓани. Во саботата попладне на плажата се појави фока од леопард, а според Новозеландското одделение за конзервација (DOC), повеќе од 150 луѓе дошле да ја видат.