Репрезентацијата на Норвешка приреди изненадување во осминафиналето на Светското првенство. Норвежаните во Њујорк го елиминираа петкратниот светски првак Бразил со резултат 2:1, а херој на нацијата повторно беше неверојатниот Ерлинг Халанд, кој ги постигна двата гола и обезбеди пласман на својата земја во четвртфиналето.