Нерешени имотни прашања, милиони евра за неискористени кредити и спорни вработувања – ова се дел од наодите во најновиот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на МЕПСО во 2024 година. Ревизорите утврдиле дека компанијата нема чисти документи за добар дел од мрежата. Од вкупно 112 далекуводи, за повеќе од половина нема имотни листови, а нерешени остануваат и 33 големи трафостаници кои МЕПСО ги користи заедно со ЕВН. Поради овие пропусти, Регулаторната комисија не може прецизно да ја одреди тарифата за пренос на струја, што директно влијае врз сметките на граѓаните. Извештајот открива и доцнења кај инвестициите. Кај некои проекти роковите биле продолжувани со години, а кај други се потошени многу повеќе пари. МЕПСО има одобрени заеми од над 102 милиони евра, но повеќе од половина од нив сè уште не се искористени. Само во 2024 година, компанијата платила над 245 илјади евра провизии за неповлечени средства, додека вкупните трошоци за камати и провизии достигнала речиси 9 милиони евра. Пример е далекуводот „Валандово - Милетково“, каде парите се одобрени во јуни 2024 година, изградбата не е почната, а веќе се платени над 155 илјади евра за провизии. „ Ненавременото кори