Германија предупредува – можно е масовно откажување на летови и поскапување на авионските карти, поради недостог на керозин. Првиот човек на Здружението на германски воздухоплови, Ралф Бајзел, за неделникот Велт изјавил дека авиопревозниците, посебно нискобуџетните, во екот на туристичката сезона можно е да ги откажуваат летовите кои им се помалку важни за туризмот. -Во најлош случај, некои аеродроми се соочуваат со пад на капицитетот од 10 отсто. Кога тоа ќе се пренесе на сите воздушни авиони, би влијаело на 20 милиони патници. Тоа значи дека некои дестинации воопшто нема да бидат опслужувани, а другите би имале помалку летови, кои би биле поскапи, изјави Бајзел Војната на Блискиот Исток ја наруши испораката на нафта низ Ормутскот теснец, и двојно ја зголеми цената на керозинот за само 2 месеци. Не се очекува ситуацијата да се врти во нормала ни во следните месеци. Дури и ако керзониот стане достапен, авиокомпаниите нема да можат да летаат по тие цени, додаде Бајзел. За разлика од Европа, кај нас, проблем со снабдувањето нема, уверува министерот за транспорт Николоски. Во целост го снабудаме приштинскиот, а делумно и аеродромот во Ниш. Додека во светот се најавиваат откажувања. Ка