Нов духовен симбол се издигна над село Таринци во општината Карбинци. Крстот кој е висок 20 метри денеска беше осветен пред бројните верници, а чинот на осветување го изврши митрополитот брегалнички, Иларион. Крстот е донација од семејствата Јовчевски, Димитрови и Колеви, кои со овој гест, како што велат, сакале да остават траен белег и духовна вредност за идните генерации. И додека со изградбата на крстот се остава траен белег за идните генерации, Јовчевски како стопанственик, погледнува кон иднината и од економски аспект, анализирајќи ги актуелните предизвици со фотоволтаиците. Решение за зголеменото производство на струја, тој гледа во нејзиниот пласман до граѓаните. Вишокот од сончевите часови да се нуди како евтина дневна тарифа, со цел веднаш да се потроши во домаќинствата. Решение за вишоците на струја која доаѓа од фотоволтаични централи, според Јовчевски е инвестирањето во батериски системи кои произведената струја ќе ја пласираат во мрежата кога нема сонце. Јовчевски се осврна и на големата градежна активност на влезот во Штип.. Компанијата „Јофатекс“ инвестира во мултифункционален објект за производство и трговски центар. Планиран е според еколошки стандарди за самоодржл