Сликата на Караџиќ ја отфрла описноста. Не го интересира изгледот на природата. Него го привлекува нејзината внатрешна динамика, континуираната трансформација на материјата, ритамот на светлината што го менува обликот на просторот, времето што остава свој белег.