Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во Штип, одговарајќи на новинарско прашање во врска со сумата што е потрошена за организирање на настаните поврзани со одбележувањето на 35-годишнината од независноста на државата, истакна дека буџетот и граѓаните сето ова ги чинело нула денари и сите активности биле организирани од општественo одговорни компании. - Имам лоша вест за сите оние што шпекулираа, негодуваа, клеветеа, пласираа лажни информации, а молчев. Не сакав да зборувам затоа што оставав сето тоа што претставуваше навистина посебен момент за градовите во земјата да биде посебен момент и за граѓаните во тие градови. Имаше таков настан и тука во Штип. Лошата вест е дека буџетот сите овие настани го чинат нула денари. И граѓаните и буџетот сите овие настани ги чинат нула денари - рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на спортската сала „Џексон“ во Штип Тој нагласи дека сето ова што го говори може слободно да се провери на „Отворени финансии“ и нагласи дека сè било организирано од општествено одговорни компании. - Така што, жалам што кај поединци работи Фројд, што мислат како тие би правеле, па дека и некој друг така прави. Но, ова е домаќинска В