Под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“, годинешниот Самит ќе отвори дискусии за економскиот раст, конкурентноста, инвестициите, инфраструктурата, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и улогата на дијаспората во развојот на Македонија. Во фокусот ќе бидат и теми поврзани со лидерството, иновациите, иднината на институциите и регионалната соработка. Свеченото отворање на Самитот е вечерва, 11 мај, во кабинетот на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова. На приемот ќе присуствуваат членови на Одборот на Македонија 2025, високи владини претставници, говорници, претставници на стопанските комори, дипломати, партнери и спонзори. Во рамки на свеченоста ќе бидат доделени и признанија за припадници на дијаспората за нивниот особен придонес за развојот на Македонија. Главната програма почнува утре, 12 мај, и ќе опфати клучни обраќања, панел-дискусии и интервјуа со домашни, регионални и меѓународни лидери. Програмата ќе биде отворена со обраќања на лидерството на Македонија 2025, меѓу кои Виктор Мизо – претседавач на Одборот на директори, Мајк Зафировски – коосновач и проф. д-р Никица Мојсоска-Блажевски – извршна директорка на Македо