На 29.06.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ е пријавено дека 69-годишна жена кај нив пријавила дека била физички и психички малтретирана од нејзината ќерка. На 29.06.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, 51-годишна жена пријави дека во домот во скопско била физички нападнат од нејзиниот вонбрачен сопруг А.Н.. На 29.06.2026 во 05:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.Д.(34) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата партнерка. На 30.06.2026 во 01:00 часот во Кичево, полициски службеници го лишија од слобода Т.С.(31) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон членови на неговото семејство и оштетил дел од покуќнината. На 29.06.2026 во 15:00 часот во СВР Тетово, 51-годишна жена од Тетово пријавила дека околу 12:00 часот во семејната куќа, нејзиниот сопруг упатил закани на неа и нејзината ќерка, по што се обидел да ја запали куќата. На 29.06.2026 во 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода И.М.(51) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга дека околу 19