Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
Неколку дена нема нови хоспитализирани пациенти со западно –нилска треска на Инфективна. Од Клиниката информираат дека последниот прием бил пред викендот. На болничко лекување со потврдена невроинвазивна форма од вирусната инфекција има 8 пациенти. Сите се повозрасни и со претходни хронични заболувања, само еден е од Свети Николе, а останатите се од Скопје. - Од осумте хоспитализирани пациенти, двајца се со потешка клиничка слика и се наоѓаат на одделот за интензивно лекување, интубирани се и се на механичка вентилација, изјави д-р Фадил Цана, директор на Клиниката за инфективни болести. Пациентот кој починал викендот од компликации од вирусот бил на 70 годишна возраст од Драчево. Десет дена бил хоспитализиран на клиниката. - Веднаш по приемот беше сместен во одделот за интензивно лекување, интубиран и беше на механичка вентилација. За целиот овој десетдневен престој, пациентот беше во изразито тешка општа состојба и покрај целиот третман, целиот напор на одделот за интензивна нега, во текот на викендот заврши со летален исход, рече д-р Цана. Досега од западно – нилска треска починаа 8 лица, вирусната инфекција лабораториски е потврдена кај 58 пациенти, од кои 43 се оздравени. Фото
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.