Единствено решение за заштита на животната средина во Македонија и хаосот со ѓубрето е отворањето на Регионални центри за управување со отпад. Предвидени се 5 такви од кои еден ќе биде во Новаци кој ќе покрива 18 општини од Центар Жупа, Струга, Охрид, Кичево, па се до цела Пелагонија. За оваа намена Македонија се задолжи 55 милиони евра во ЕБОР, а Прилеп останува лидер во селекцијата на отпадот, додека депонијата Алинци ќе биде и претоварна станица за отпадот кој ќе се носи во Новаци. „Во моментов имаме страшни 30% од отпадот кој е генериран во оваа држава, а кој што завршува по долови, во реки, на полиња, се пали и очекувам дека Регионалната депонија која ќе биде изградена според европските стандарди дека ќе биде решение со кое за прв пат ќе видиме подобрување после децении“, истакна Иван Петровски, програмски координатор за животна средина и клима во Шведската амбасада. Прилеп го посети Шведскиот амбасадор и претсравници заедницата на локални самоуправи од Шведска САЛАР кои помагаат во целиот процес за Регионаланите депонии. „Сите ние имаме заеднички одговорности да се грижиме за оваа природна убавина, и управувањето со отпадот е клучна алка од целиот овој систем. И особено сме г