Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ од денеска е со зголемен капацитет, подобрени услови за патниците и персоналот, но и со освежено лице. На Денот на независноста – 8 Септември, во употреба беше пуштена реконструираната терминална зграда, чии простории се современо уредени и украсени со реплики на мозаици и фрески од богатото културно наследство на Охрид. Со инвестиција од 2,7 милиони евра, на охридскиот аеродром е модернизиран патничкиот терминал, со зголемен број шалтери и проширен простор за чекирање, унапредени зони за безбедносна контрола и рачен багаж, реорганизиран паркинг, како и современа опрема и технологија за побезбедно и поефикасно опслужување на патниците. На свеченоста по повод ставањето во употреба на новите аеродромски простории се обрати вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски, кој истакна дека реконструкцијата претставува значаен чекор во унапредувањето на аеродромската инфраструктура, посочувајќи дека објектот со својот нов изглед ја отсликува поврзаноста со Охрид и регионот. – Мислам дека нема поголем ден, денот на независноста – 8 Септември, за да се отвори еден навистина прекрасен објект. Објект кој со својата модерна и впечат