Билатералната средба меѓу делегацијата на Скопје и Софија е и потврда на фактот дека источниот сосед не се откажува од условите поставени во 2022 година и дека за возврат ветува откочување на евроинтегративниот процес на земјава. Според политичкиот аналитичар Петар Арсовски, мора да се земе предвид и уште еден факт дека Бугарија истовремено бара имплементација на вториот протокол и обврските вклучени во комисијата.