Јавна дебата за продолжувањето на А-интегрираната дозвола за Титан Усје
Од една страна менаџментот на Титан Усје и претставници на Министерството за животна средина, од друга загрижени граѓани. На јавна дебата во пресрет на продолжувањето на А-интегрираната дозвола за Цементарницата активисти велат дека новата дозвола предвидува стари правила, особено во делот на дозволена емисија на штетни гасови. Бараат сите мерења да бидат јавно достапни и читливи за секого. -Затоа што во она што го видовме како напишано и поднесено од нивна страна, како официјален документ, сите гранични емисии беа оставени на старото ниво, како старата дозвола којашто е двојно повисоко од важечката европска регулатива, вели Марија М. Од „Стоп за Усје“. Од компанијата уверуваат – работат согласно Законот и постоечката дозвола, а ќе ги почитуваат правилата во новата кога ќе ја добијат. -Ние ќе работиме согласно важечките Закони коишто, пак, ги транспонираат европските директиви. Така што, ние никогаш, ниту досега, а нема ни во иднина да ги надминуваме пропишаните вредности коишто се дел од сегашната дозвола и во иднина кои ќе бидат пропишани со обновената А-интегрирана дозвола, вели Наташа... Според уверувањата на надлежните институции, новата дозвола ќе има построги правила и биде
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.