Вкупно девет пријави во последното деноноќие за семејно насилство
На 09.05.2026 во 22:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.С.(49) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата мајка. На 09.05.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(34) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата сопруга. На 09.05.2026 во 17:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Б.(40), постапувајќи по претходна пријава дека околу 10:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош упатувал закани кон неговата 68-годишна мајка и покрај Решението од Основен граѓански суд Скопје за отстранување од домот и забрана за приближување. На 10.05.2026 во 05:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.А.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 09.05.2026 околу 22:00 часот во неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје физички ја нападнал неговата 33-годишна партнерка од Скопје и ѝ упатувал закани со огнено оружје. Според пријавеното, тој и во изминатиот период бил насилен кон неа, но досега не го пријавувала. На 09.05.2026 во 13:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобо
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.