Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ги повика Либанците да ги здружат силите со Израел во борбата против Хезболах, нагласувајќи дека нивната земја е „заложник“ на шиитското движење поддржано од Иран. „Израел не е во војна со вас. Ние сме во војна со Хезболах, кој ја држи вашата земја како заложник“, рече Нетанјаху во видео пораката на англиски јазик. „Сакаме мир со вас, со Либан“, додаде тој. "