Поминаа 17 години откако Соња Савиќ прерано не напушти, оставајќи неизбришлива трага на домашната кинематографија. Додека јавноста се уште со тага се сеќава на актерската икона која почина на 48-годишна возраст, зад затворените врати на семејниот дом во селото Доња Горевница кај Чачак, со години се води жестока борба за нејзиниот имот.