Претседателката на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, денеска во Охрид учествуваше на отворањето на Републичките спортски игри на пензионерите 2026 година, посветени на 80-годишнината од организацијата на пензионерите во државата и Денот на пензионерите 20 септември. „Логично е да бидам меѓу вас, бидејќи и јас сум еден од вас“, рече претседателот.