Панел дискусија на Меѓаши: Треба да се превенира, а не само да се реагира откако ќе се случи врсничкото насилство
Се’ почестите случаи на врсничко насилство повторно ја отворија дебатата за тоа каде потфрла системот и зошто агресијата станува се’поприсутна во училиштата и на социјаните мрежи. Наместо реакција само по инцидентите, потребен е координативен и континуиран пристап во кој ќе бидат вклучени сите засегнати страни кои ќе работат и на превенирање на малолетничката деликвенција, заклучија експертите на денешниот панел „Промоција на безбедна училишна средина“ во организација на Детската амбасада Меѓаши. „Во делот на превенцијата, училиштата имаат недостаток. Односно, секогаш за ова се разговара после направената работа, после стореното насилство. Мора да се зајакнат капацитетите и во делот на училиштата каде треба пообемно да се работи во делот на превенцијата“, изјави Гоце Јанкулоски, Државен просветен инспекторат. „Можеби ни се потребни подобри мерки за соработка помеѓу училиштето и центрите за социјални работи затоа што откако ќе се извести Центарот за социјална работа, доколку стганува збор за потешко насилство и истиот излезе на терен да работи со семејството училиштата не ги добиваат повратните информации што се работи со тоа дете, што се работи со тоа семејство за да го подигнат ни
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.