Во наредните денови не очекува умерено топло време без екстремни горештини, но со чести преодни нестабилности и промена на сонце и облачност. Како што најавува познатиот метеоролог-аматер Марко Чубрило, нестабилно време веќе попладнево ќе го зафати северниот дел од регионот, додека во понеделник тие врнежи ќе го зафатат поголемиот дел од земјава. За среќа не очекува посилно невреме, а ќе дува умерен северозападен ветер.