Советот на Комисијата за заштита на конкуренцијата донесе Упатство со кое поблиску се регулира нелојалната трговска практика, чии одредби ќе стапат во сила на 3 јули. Тоа практично значи дека овој документ ги прецизира обврските на оваа независна институција во следењето и контролата на трговските синџири, кои произлегуваат од неодамна донесениот Закон за трговска пракса за одредени видови производи. Овој мониторинг, меѓу другото, вклучува и контрола