Климатските промени се повеќе ги ставаат на тест нашите домови. Летните температури уриваат рекорди, бурите стануваат се посилни, а екстремните временски услови веќе не се исклучок, туку правило. Затоа се почесто се поставува прашањето како да се изградат куќи кои можат да издржат вакви услови, но и да трошат помалку енергија.