Се возобновува „Рајската градина“ во Прилеп со над 100-тина украсни и егзотични птици
По пауза од повеќе години т.н. „Рајска градина“ во Прилеп на Паркот на револуцијата повторно ќе го врати својот стар сјај. 8-те кафези ќе се наполнат со над 100 тина украсни и егзотични птици кои ќе ги донира и за нив комплетно ќе се грижи Зоран Дурланов, одгледувач на ваков вид птици од Прилеп заедно со уште неколку други љубители на ова хоби. Дел од животни ќе донира и Битолската зоолошка градина. „Посебна благодарност упатуваме до љубителите на птици од градот и до зоолошката градина од Битола за нивната донација и поддршка со која ќе бидат обезбедени птиците и ќе се збогати овој простор. ЈКП Комуналец продолжува со работа на терен со одржување на парковите, зеленилото и јавните површини, затоа што уредениот град и грижата за природата се заедничка одговрност. Со вакви проекти покажуваме дека со соработка помеѓу институциите, граѓаните и општествено одговорните луѓе може да направиме позитивни промени за Прилеп“, изјави Љубиша Јованоски, дирекгор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Донаторот на украсните птици, Зоран Дурланов, вели дека Прилеп е познат на целиот Балкан по бројот и видовите на украсни птици, како и по бројот на одгледувачи на истите, а со оваа мини зоолошка, која ќе мож
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.