Фехим Сали, уапсен од косовските власти под сомнение за шпионажа, побарал да употреби сила за да ги принуди Гораните да гласаат за Вучиќ и неговата партија - СНС. Сали, кој е во притвор и призна дека бил регрутиран од српската служба, за време на телефонски разговор со службеник на БИА, чија содржина ја објави КОХА, му кажува за избирачкиот список и за лицето.