Рускиот претседател Владимир Путин очигледно почнува да сфаќа дека работите на фронтот не одат според планираното, а последните потези на Москва јасно укажуваат дека ситуацијата станала критична. Русија беше принудена да прибегне кон очајнички мерки за да ги закрпи огромните дупки во нејзините редови, што сведочи за растечката нервоза кај самото воено раководство.