Судиите поротници од Основниот кривичен суд Скопје од денеска стапија во мирен протест. Ќе бојкотираат повеќе судски рочишта за да го искажат својот револт поради долгогодишното игнорирање на проблемот со ниските дневници. Надоместокот кој го добиваат се движи од 570 до 670 денари и со години не е изменет и покрај бројот на судења, сложеноста и времетрањето на нивниот ангажман. Во соопштение од основниот кривичен суд Скопје јасно застанаа зад нив, нагласувајќи дека улогата на поротниците е клучна за законитоста на процесите. „Без нивното учество, значителен број судења не можат непречено да се одвиваат. Судиите поротници заслужуваат достоинствен и соодветен надоместок кој ќе ја одразува важноста на функцијата што ја извршуваат. Очекуваме Министерството за правда во најкус можен рок да почне со измена на Правилникот.“ И покрај мирниот протест, сепак за да не настане целосен колапс во судството од Кривичен известија дека има строга селекција кои предмети ќе се одлагаат. „Сите притворски предмети каде што учествуваат поротници нема да се одлагаат и ќе се одржуваат непречено. Од друга страна, за непритворските предмети, кои се во помал број, судењата се одложуваат и за нив ќе се одреди