Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека Јавното сообраќајно претпријатие и градот ја очекуваат понудата за сервисирање и дефектажа на Жичницата на Водно, која по контрола од страна на компанијата изведувач било констатирано дека е во катастрофално лоша состојба. Засега не може да каже за колку време ќе се направат овие поправки на Жичницата и кога таа повторно би била ставена во функција и оти веднаш штом бидат добиени понудата, цената и временскиот рок за колку би се сработило јавноста ќе биде информирана. -Нема ништо повредно во Скопје и во Македонија од човечкиот живот, а состојбата во која се наоѓаме во моментов се однесува на неодговорното однесување на моите претходници. Јас како што наведив за дел од медиумите, а еве денеска и за сите вас присутните, имавме контрола од страна на компанијата Допелмаер, која што е и изведувач на жичарата за првпат откако жичарата е поставена во Градот Скопје, во подножјето на Водно, по која што инспекција е констатирано дека Жичарата се наоѓа во катастрофално лоша состојба и дека има многу недостатоци кои треба да бидат сервисирани во наредниот период заедно во соработка со директорот на ЈСП Саше Илиески веќе побарав