Со одлука за одржување главна, јавна и усна расправа, денеска заврши подготвителното рочиште во Основниот кривичен суд против 13-те полициски службеници и началници од ОВР Кочани и СВР Штип, кои се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“. На почетокот на рочиштето беше констатирано дека една од судијките поротнички е во роднинска врска со сопругата на еден од обвинетите. Судот го одби барањето за изземање на судијката Лидија Петровска, со образложение дека таа нема интензивна комуникација со обвинетите. Обвинителството потенцираше дека во целост останува кон поднесеното обвинение. Судот достави консолидирана листа на докази до застапниците на обвинението, а одбраната приложи дополнувања на својата листа на докази. На прашањето од судот за тоа дали е спорно времето и местото на случувањето на настанот, одбраната на обвинетите Дејан Салтировски, Ванчо Ѓорѓиевски, Стојанчо Филипов и Марјан Радевски истакна „за нас целото обвинение е спорно и не можеме да кажеме и да се произнесеме на одредени околности“. Дел од одбраната истакна и дека паралелната кривична постапка што се води во предметот во Идризово претставува сериозна проц