Крвава ноќ на ‘Пластичарска.” 26-годишен скопјанец е убиен во вооружен инцидент синоќа пред полноќ во населбата Дуќанџик. Според првичните информации од МВР, жртвата со уште петмина стоеле пред излог на фирма кога од мотор во движење на кој имало две лица бил отворен оган и проектил го погодил 26 годишниот. - На 06.09.2026 околу 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во близина на раскрсница помеѓу ул. „Прохор Пчински“ и ул.„Војдан Чернодрински“ во Скопје, додека Д.Г. (29), А.Џ. (24), К.Б.(36), Е.Б.(25) и А.М. (26), сите од Скопје стоеле пред излог на фирма, застанал мотоцикл на кој имало две лица, кои пукале со огнено оружје кон групата, по што се дале во бегство. Еден од проектилите го погодил А.М., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал, изјави Гоце Андреевски, портпарол на МВР. Во јавноста се шпекулира дека инцидентот е пресметка меѓу криминални банди како и дека неофицијално еден од напаѓачите е затвореник кој бил пуштен на викенд. Од друга страна од Министерството за внатрешни работи велат дека работат на расчистување на случајот по што ќе се знае и кој е мотивот за смртта на 26-годишниот скопјанец. Ф