Вршителот на должноста претседател на Република Косово, Албулена Хаџиу денеска ги прими акредитивните писма на новата амбасадорка на Швајцарската Конфедерација во Република Косово, Ан-Лиз Катин Хенин. Хаџиу на амбасадорката Катин Хени и посака добредојде на Косово и успех во нејзината дипломатска мисија, изразувајќи уверување дека за време на нејзиниот мандат односите меѓу Косово и Швајцарија уште повеќе ќе се зајакнат.