Европа е нашиот единствен пат, треба да разговараме за решенија со кои ќе одиме напред, порача Премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста пред Владата по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, под слоганот „Победа, принципи и вредност“. Тој во говорот истакна дека не смееме да дозволиме подвигот на загинатите борци да биде заборавен или релативизирани повика на обединување во заедничката борба за подобар живот на граѓаните, посилна економија и праведно општество. Премиерот потенцираше дека никогаш нема да прави пазар со идентитетот. -Мора да разговараме и да се обидуваме, затоа што само така можеме да дојдеме до решенија. Но не решенија со кои ќе оставиме големи товари на нашите потомци, туку трајни решенија по кои ќе можеме да одиме напред. Секој што ме знае добро, уверен е дека, колку и да постојат празнини и недржавничко однесување во нашиот политички естаблишмент, добро знае дека пазар со идентитетот, пазар со нашето достоинство во замена за какви било лични или политички придобивки, какви што имало во нашата понова историја, никогаш нема да правам. Ниту ми паднало на ум такво нешто. Оваа моја позиција им пречи на неколкумина, но и тие знаат дека честа