Чистењето на терасата и надворешните плочки е дел од пролетното или летното уредување на домот за многу луѓе. По зимата, на нив често се таложат нечистотија, мов, алги и други наслаги, па посегнуваме по средствата што веќе ги имаме во куќата. Сепак, она што е добро за чистење на одредени површини во домот можеби не е добро за плочките на отворено.