ЕУ му порача на Мета дека мора да дозволи чет-ботови со вештачка интелигенција управувани од ривалски фирми да користат WhatsApp бесплатно. Европската комисија соопшти дека фирмата ќе мора да го задржи овој пристап додека ја заврши антимонополската истрага за одлуката на технолошкиот гигант да го блокира пристапот до добавувачите на вештачка интелигенција, освен Мета АИ, до платформата за пораки, објави Би-Би-Си.