Меѓународна атлетска трка во Скопје
Меѓународна атлетска трка во Скопје и денеска ќе ги обедини домашните и странските натпреварувачи, рекреативците и љубителите на активниот начин на живот, соопштија од организацијата на настанот. Трката насловена „ХалкЕко Скопје трча 10 км“ (HalkEco Skopje Run 10К) предвидено е да почне во девет часот. - Стартот и целта на трката ќе бидат поставени на булеварот „Илинден“, во близина на фонтаната „Лотус“, а трасата ќе се движи по булевар „Илинденска“ и дел од булевар „Партизански одреди“. Со над 2.000 пријавени учесници од 16 земји, овогодинешното издание се очекува да биде едно од најмасовните и најдинамични досега. „ХалкЕко Скопје трча 10 км“ е сертифицирана од AIMS (Association of International Marathons and Distance Races), што ја потврдува нејзината организациска и натпреварувачка вредност. Токму овој сертификат ја позиционира трката како релевантен меѓународен спортски настан, што привлекува подготвени и искусни атлетичари од регионот и пошироко - пишува во соопштението. Од Сојузот на спортови на Скопје преку пишана изјава наведуваат дека од година во година се гледа како трката расте и добива сè посилен меѓународен карактер. - За нас е особено важно што „HalkEco Skopje Run 10
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.