Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ денеска оцени дека министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ повеќе не се однесува како шеф на дипломатијата, туку како политичар кој води постојана изборна кампања, предупредувајќи дека таквата политика ги загрозува меѓунационалните и дипломатските односи, регионалната стабилност и мир.