По утринскиот сообраќаен метеж и долгите колони возила на граничниот премин Богородица, каде дел од патниците чекаа и по три часа за влез во Грција, попладнево ситуацијата е поинаква. Во моментов на македонската страна на границата нема поголеми задржувања и сообраќајот се одвива непречено. Се уште има редици пред грчките гранични контроли, но преминот се одвива релативно брзо, информира ЛАММ.