Петгодишно дете е повредено откако вчера паднало од балкон во семејна куќа во Гостивар. Случајот бил пријавен во ОВР Гостивар од Ургентниот центар во 19:00 часот. Детето по укажаната прва помош е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување, информираа од МВР. Увид на местото извршила полициска екипа од Гостивар. The post Петгодишно дете падна од балкон во Гостивар, пренесено во Скопје appeared first on Република .