На 03.09.2026 година, околу 20:50 часот, во СВР Тетово било пријавено дека 35-годишна жена од Тетово добивала заканувачки пораки преку мобилна апликација од страна на нејзиниот невенчан сопруг. Според пријавата, тој во моментот се наоѓа на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“, а заканите биле упатени кон неа и нивниот малолетен син. По пријавениот случај, полициските службеници преземаат соодветни мерки и активности со цел целосно расчистување и документирање на настанот, соопштуваат од МВР.