Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е уверен во победа, додека ја надгледуваше воената парада на Црвениот плоштад по повод поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна. Безбедноста во Москва беше засилена додека Путин и неколку странски лидери присуствуваа на парадата по повод Денот на победата. Путин ги поздрави руските војници кои се борат во Украина, велејќи дека тие „се соочуваат со агресивна сила вооружена и поддржана од целиот НАТО блок“. „Победата отсекогаш била и ќе биде наша“, рече Путин пред војниците на Црвениот плоштад. „Клучот за успехот е нашата морална сила, храброст и смелост, нашето единство и способност да издржиме се и да го надминеме секој предизвик“, рече рускиот претседател. Во Русија, фокусот е на прославата на Денот на победата во Втората светска војна, а оваа година, за првпат по речиси две децении, парадата се одржа без тенкови, ракети и друго тешко оружје, освен традиционалното прелетување на борбени авиони. Малезискиот крал Султан Ибрахим Искандар, претседателот на Лаос Тонглун Сисулит, казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев, узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзоев и белорускиот лидер Александар Лукашенко требаше