Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по повеќе од две децении на чело на партијата, најави повлекување од претседателската функција.. Во говор на партиски состанок во Куманово, без да прецизира кога би ја напуштил лидерската позиција, Ахмети порачал дека нема намера засекогаш да биде претседател и дека својот ангажман сака да го продолжи во редовите на партиските ветерани.. Политичките аналитичари оценуваат дека најавата за повлекување, до следнтите парламантарни, нема да се реализира.. Според Сефер Селими, станувало збор за подготовка на терен за процесот за избор на наследик на Ахмети.. „Нема одеднаш да се повлече, не верувам дека неговата моќ одеднаш ќе ослабе откако он би се повлекол од местото претседател на ДУИ. Сепак тоа е негова партија која на некој начин сите овие 22-3 години откако постои е поврзана премногу со неговиот лик и неговата неговото дело. Така да очекувам дека он ќе остане и откако ќе биде повлечен, ќе остане еден од највлијателните луѓе во ДУИ“, изјави Сефер Селими, Политички аналитичар. Од друга страна, Петар Арсовски, вели, најавата на Ахмети е повеќе тактичка отколку дефинитивна.. „Точно е дека ДУИ е под притисок дека треба нешто да смени за да повторно стане привл