Ако сѐ биде како што треба, брзата пруга долж Коридорот 10 ќе почне да се гради уште на есен. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека веќе бил на состанок со потенцијалните заемодаватели. Во меѓувреме, се чека физибилити студијата, а во текот на летото ќе треба да бидат донесени потребните закони за изградбата да може да почне. Говорејќи за Стратешкиот договор со Велика Британија, повтори дека не предвдивува носење мигранти, односно, попрецизно, неуспешни баратели на азил на Островот. Рече дека тие не дошле во април и мај, како што тврдеше опозицијата, но и дека нема да дојдат ниту во иднина. - Беа претставници од UK Export Finance. Разговаравме и во Владата, и во Министерството за транспорт, и во Министерството за финансии. Физибилити студијата ја прави Министерството за транспорт, како и студијата за оценка на влијанието врз животната средина. Овој месец треба да биде завршен, или најдоцна, да речеме, во јули. Ако биде сè како што треба, понатаму одиме со закони во Парламентот. Здравје Боже, таму од есен можеме и на терен да отпочнеме по принципот на „жолт ФИДИК“ (FIDIC), рече Мицкоски. Откако поминаа клучните два закони кои ќе овозможат изградба на Дата-центри низ државата, праша