Мицкоски: Од ограбена држава клекната на колена, за три години направивме подобро место за живеење
Од клекната, ограбена и распадната држава којашто пред 26 месеци ни беше главен предизвик, а ја наследивме од претходната влада на СДСМ и ДУИ, денеска можеме да кажеме дека Македонија после три години е подобро место за живеење. Јас ви гарантирам дека за три години ќе биде уште подобро место за живеење од денеска, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој при промоцијата на нови комунални возила за општините истакна дека изминатите 26 месеци се бореле со распаднати и уништени институции, со ограбена држава која била клекната на колена. -Завршувавме проекти коишто беа започнати и заборавени, градевме експресни патишта, делници од пруга и продолжуваме да градиме експресни патишта и делници од пруга. Продолживме со автопатските секции, отпочнуваме нови автопатски секции. Бевте сведоци пред некој ден на една таква нова автопатска секција којашто ја почнавме, следниот месец ќе ставиме камен темелник и на уште една друга автопатска секција, потенцира премиерот. Додаде дека во овој период реконструирале болници и го поправале уништеното од претходната влада во здравството, како и последиците од криминални политики кога, како што истакна, бевме држава којашто беше буквално на дното.
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.